logo
logo
logo

Нов напад врз Дубаи, ЗАПАЛЕН ЛУКСУЗЕН ХОТЕЛ, снимен моментот на ударот

Vecer | 28.02.2026

Нов напад врз Дубаи, ЗАПАЛЕН ЛУКСУЗЕН ХОТЕЛ, снимен моментот на ударот

Во Дубаи, во близина на влезот на луксузниот хотел Fairmont The Palm, избувна пожар, предизвикан од остатоци што паднаа од небото за време на ирански ракетен напад. Снимките од пожарот и чадот станаа вирални на социјалните мрежи, а нивната автентичност ја потврди и Sky News.

Канцеларијата за медиуми во Дубаи потврди дека службите за итни случаи интервенирале поради „инцидент“ во зграда во областа Палм Џумеира. Тие објавија дека четири лица се повредени и префрлени во медицински установи. Додадоа дека пожарот е ставен под контрола и рекоа: „Ја повикуваме јавноста да остане смирена“.

Според информациите од веб-страницата на агенцијата Туи, станува збор за луксузен хотел кој им нуди на гостите врвни ресторани, наградуван спа центар и базени со поглед на градот.

Иранските државни медиуми јавуваат дека е извршен нападот во Дубаи. Министерството за одбрана на ОАЕ објави дека пресретнало нов бран ирански ракети и беспилотни летала. Не беше објавено која била целта на нападот, но американските воени сили се стационирани во Емиратите, пренесува Ројтерс.

Да ве потсетиме дека Соединетите Американски Држави и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а погодени беа и голем број други ирански градови.

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека нападот ќе ја прекине безбедносната закана за САД и ќе им понуди на Иранците можност да ги соборат своите владетели. Израелската влада прогласи вонредна состојба поради очекуваната иранска одмазда со беспилотни летала и балистички ракети.

Пентагон објави дека американскиот напад бил наречен „Епски гнев“. Израелците, од друга страна, ја нарекуваат својата операција „Лавов рик“. Иран возврати со испукување ракети кон Израел, објави израелската армија, Иран изврши и напади врз американски воени објекти во Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Катар...

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk