Австралиската полиција уапси лице кое се обидело да избега од карантин откако врзал чаршафи и се симнал од прозорецот на четвртиот кат во хотелот.

Полицијата објави дека човекот на возраст од 39 години бил во задолжителен карантин во хотел во Перт, кога избегал.

Тие објасниле дека човекот стигнал во Перт од Бризбејн, но дека му било забрането да влегува поради строгите гранични контроли воведени со цел да се спречи ширењето на вирусот.

Бил однесен во хотел во привремен карантин. Сепак, нешто пред еден часот по полноќ, тој избегал од карантинот.

Тој се симнал од прозорецот на четвртиот кат со помош на јаже што го направил од чаршафи и избегал – напишала полицијата, пренесува Independent.

Полицијата објави фотографии на јажето како виси од прозорецот сè до улицата.

Мажот е уапсен во Перт околу осум часа подоцна и е обвинет за непочитување на упатствата и давање лажни или погрешни информации.

Австралија воведе задолжителен карантин за секој што доаѓа од странство или од друга земја, за време на епидемија.