logo
logo
logo

Трамп: Со Си Ѓинпинг РЕШИВМЕ МНОГУ ПРАШАЊА ШТО ДРУГИ НЕ МОЖЕА

Vecer | 15.05.2026

Трамп: Со Си Ѓинпинг РЕШИВМЕ МНОГУ ПРАШАЊА ШТО ДРУГИ НЕ МОЖЕА

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека разговарал со кинескиот претседател Си Ѓинпинг за војната во Иран, наведувајќи дека и двајцата се согласиле оти не сакаат Техеран да поседува нуклеарно оружје и дека Ормускиот теснец треба да биде отворен за пловидба, пренесуваат светските медиуми.

Трамп и неговиот домаќин Си утрово го започнаа последната сесија од разговорите во Пекинг, откако американскиот претседател изјави дека обезбедил понуда за помош од Кина за повторно отворање на Ормускиот теснец и ветување за голема нарачка на воздухоплови „Боинг“.

Лидерите на двете светски суперсили утрово се сретнаа во резиденцијалниот ограден комплекс Џонгханај во Пекинг, а фотографиите, објавени од светските агенции покажуваат како Трамп и Си се ракуваат во градината на комплексот во срцето на кинеската престолнина.

„Решивме многу различни проблеми што другите луѓе не можеа да ги решат“, изјави Трамп по средбата.

Агендата вклучуваше разговори во која двајцата лидери се напија чај, по што следеше работен ручек, пред Трамп да ја напушти земјата и да се врати во Соединетите Американски Држави денеска попладне, според локално време.

Американскиот претседател го оцени неговиот однос Си Ѓинпинг како многу силен, по што соопшти дека со својот домаќин разговарале за Иран и се согласиле дека земјата не треба да има нуклеарно оружје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk