Петмина италијански државјани загинаа во несреќа при нуркање на Малдивите, потврди италијанското Министерство за надворешни работи. Се верува дека нуркачите загинале на атолот Вааву „додека се обидувале да истражуваат пештери на длабочина од 50 метри“, според соопштението.
Италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка го потврди инцидентот и ги контактираше семејствата преку Кризниот штаб, но причината за трагедијата сè уште не е утврдена и истрагата е во тек
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата