logo
logo
logo

Беа страв и трепет: КАДЕ Е ДЕНЕС ЕТА?

Vecer | 20.10.2021

Беа страв и трепет: КАДЕ Е ДЕНЕС ЕТА?

Десет години откако баскиската сепаратистичка група ЕТА го предаде оружјето, северниот шпански регион се уште се обидува да сврти страница на една деценија на крвопролевање.

Во видеото објавено на 20 октомври 2011 година, тројца маскирани лидери на ЕТА изјавија дека групата, која ЕУ ја сметаше за терористичка, „одлучи дефинитивно да ги прекине своите вооружени активности“.

"Време е да гледаме кон иднината со надеж. Исто така, време е да дејствуваме одговорно и храбро".

Тоа беше крајот на последното вооружено востание во Западна Европа.

„По десет години, постигнавме напредок ... но се уште има рани што не се залечени“, рече Иниго Уркуло од умерената баскиска националистичка партија ПНВ.

Основана во 1959 година во екот на диктатурата на Франциско Франко, која ја задуши баскиската култура и јазик, ЕТА беше обвинета дека убила повеќе од 850 луѓе во борбата за независна баскиска земја во северна Шпанија и југозападна Франција.

Нејзината одлука да го положи оружјето беше „голема пресвртница“ за баскиското сепаратистичко движење, вели политикологот Рафаел Леонисио Калво, автор на книга за ЕТА.

„Беше изненадување, особено ако се земе предвид дека тоа беше еднострана одлука без спогодби ... но всушност беше резултат на долг процес“, рече тој за АФП.

Ослабени од апсењата

Неколку недели пред објавувањето на одлуката, беа водени тајни преговори меѓу водачите на ЕТА и шпанската влада преку посредници.

Договорена беше рамка за преговори со тогашниот социјалистички премиер Хозе Луис Родригез Запатеро, изјави за АФП, еден од поранешните лидери на ЕТА, Јос Урутикоексе, во неодамнешното интервју.

Преговорите резултираа со меѓународна мировна конференција во октомври 2011 година во Сан Себастијан, каде ЕТА беше повикана да ја прекине вооружената борба со цел „промовирање на мирот“.

Во тоа време, ЕТА беше сериозно ослабена од апсењата на нејзините високи лидери и одземањето на оружјето.

Под притисок на баскиското јавно мислење и политичкото крило, ЕТА ја убеди вооружената група да „смени стратегија“ и да се откаже од насилството, рече Егуски Уртеага, социолог на Баскискиот универзитет.

„За време на ерата на Франките, ЕТА беше на некој начин света за делот од населението што се противеше на режимот“, рече тој.

„Но, идејата за отфрлање на вооружената борба не престана да расте, особено по 1995 година, кога ЕТА одлучи да ги прошири своите цели кон членовите на граѓанското општество.

Ќорсокак

Така мисли Калво, кој рече дека ЕТА во тоа време била во „ќорсокак“.

„Анкетите покажаа дека дури и меѓу сепаратистичките гласачи, поддршката за ЕТА значително опадна и стана малцинство“, додаде тој.

ЕТА ја продолжи својата трансформација откако објави дека се откажала од насилство. Во април 2017 година, таа го предаде своето оружје, а следната година им се извини на жртвите, а потоа формално се распушти.

Сепак, гневот останува.

Организациите на жртвите ги осудуваат прославите организирани од членовите на ЕТА по нивното ослободување од затвор и посочуваат дека околу 300 убиства на ЕТА се уште не се расветлени.

Од друга страна, членовите на семејствата на приведените членови на ЕТА се жалат дека многумина се уште се во затвори далеку од Баскија.

Протестот планиран во септември за да се побара ослободување на членот на ЕТА, Хенри Парот, кој издржува долгогодишна затворска казна за неговата улога во 39 убиства, беше откажан откако поттикна контра протести.

Арналдо Отеги, водач на екстремно левата баскиска сепаратистичка партија ЕХ Билду, кој се смета за наследник на поранешното политичко крило на ЕТА, се извини во понеделникот за „страдањата“ што ги претрпеа жртвите на ЕТА.

„Тоа никогаш не требаше да се случи“, рече тој во обид да го зајакне помирувањето.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk