logo
logo
logo

Барон Трамп дебитираше на сцена, татко му го повика Бајден на партија голф со предност

Vecer | 10.07.2024

Барон Трамп дебитираше на сцена, татко му го повика Бајден на партија голф со предност

Доналд им го претстави Барон на своите поддржувачи со тоа што го покани на сцената во неговиот голф клуб во Дорал, Флорида, со овации од толпата.

Како што пренесува Dailymail, Доналд, поканувајќи го Барон да излезе на сцената, рекол дека неговиот син „имал толку убав живот, кој сега малку ќе се промени“:

„Ова е прв пат тој да излезе на сцена. Каде е Барон? Стани. Погледнете го. Многу си популарен. Можеби тој е попопуларен од Дон и Ерик. Ќе мораме да разговараме за тоа. Еј Дон, мора да разговараме“, извика Трамп.

Барон претходно беше избран за делегат на конвенцијата на Републиканската партија, но неговата мајка Меланија рече дека нема да присуствува на конвенцијата во Милвоки поради претходни обврски. Се верува дека Барон наесен ќе оди на еден од колеџите во Њујорк.

Трамп продолжи да ја води кампањата, што претставува нов предизвик за актуелниот претседател Џозеф Бајден (81), кој сè уште се опоравува од лошиот настап на нивната прва дебата, што се одржа пред две недели во Атланта. Трамп прво рече дека е подготвен да оди на нова дебата со Бајден следната недела. Нова расправа е закажана за 10 септември.

Трамп, исто така, ја искористи можноста да го предизвика Бајден на игра голф, за што зборуваа и во текот на дебатата кога меѓусебно се обвинуваа дека немаат доволно вештина и сила.

„Го предизвикувам измамникот Џо на меч за голф со 18 дупки, токму овде. Ќе му дадам предност од десет удари. Тоа е како 20 удари ако воопшто не играш голф. Ако победи, ќе дадам десет милиони долари за добротворна организација по негов избор, се обложувам дека нема да ја прифати понудата“, рече Трамп.

Не мораше долго да чека одговор на другата страна.

„Претседателот Бајден нема време за чудните шеги на Трамп. Тој е зафатен да ја води Америка и да го брани слободниот свет“, изјави Џејмс Сингер, портпарол на кампањата.

Според пишувањата на медиумите во САД, се очекува во следните неколку дена Трамп да соопшти кого избрал од двајцата потенцијални заменици, односно кој ќе му биде потпретседател доколку победи на изборите во ноември.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk