logo
logo
logo

Бајден се откажа, расте поддршката за Камала Харис

Vecer | 22.07.2024

Бајден се откажа, расте поддршката за Камала Харис

Откако актуелниот американски претседател Џозеф Бајден ја објави својата одлука да се повлече од изборната трка и рече дека ќе ја поддржи актуелната потпретседателка Камала Харис.

Американската потпретседателка, Камала Харис, заедно со Бајден, својата поддршка за Харис ја дадоа и поранешниот претседател Бил Клинтон и неговата сопруга, поранешна државна секретарка и неуспешна демократска претседателска кандидатка за 2016 година Хилари Клинтон.

Но, неколку други големи функционери на Демократската партија се воздржаа да ја поддржат - вклучително и поранешниот претседател Барак Обама, поранешната претседателка на претставничкиот дом Ненси Пелоси, лидерот на малцинството во претставничкиот дом Хаким Џефрис и лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер, бидејќи многу партиски лидери мислат дека има други кандидати кои имаат поголеми шанси да го победат републиканскиот кандидат и поранешен претседател Доналд Трамп на изборите на 5 ноември.

Треба многу да се случи пред Харис да биде формално избрана за кандидат на партијата за ноемвриските избори.Бајден веќе освои 3.896 делегати - многу повеќе отколку што му беше потребно за да ја обезбеди номинацијата на неговата партија.

Делегатите ќе треба да се сретнат во Чикаго на конвенцијата на партијата на 19 август.Ако Демократската партија не се собере за да поддржи нов кандидат, тоа може да значи отворена конвенција за прв пат од 1968 година.за да ја обезбеди партиската номинација, на кандидатот му требаат 1.976 делегатски гласови.

Инаку Ламача Харис е ќерка на мајка Индијка и татко од Јамајка, „додека беше државен обвинител на Калифорнија Харис се фокусираше на прашања како што се реформите во кривичното право,заштитата на животната средина и еднаквоста на бракот.

Харис од  20 јануари 2021 година е назначена за потпретседател на САД.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk