logo
logo
logo

Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана

Vecer | 25.04.2024

Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана

Претседателската кампања на Џо Бајден ќе продолжи да користи ТикТок, изјави во средата официјален претставник на кампањата, кусо откако американскиот претседател потпиша закон со кој ќе се забрани апликацијата освен ако нејзиниот кинески сопственик не ја продаде.

Одлуката доаѓа во време кога многу млади и левоориентирани гласачи, значителен дел од базата на корисници на ТокТок, не се задоволни од начинот на кој Бајден се справува со војната во Газа, што ги ескалира протестите на универзитетите низ целата земја.

- Фрагментарното медиумско опкружување бара од нас да се појавиме и да допреме до гласачите таму каде што се, вклучително и онлајн. ТикТок е едно од многуте места каде што сакаме да им ја пренесеме нашата содржина на гласачите, рече претставник на кампањата на Бајден, кој сакал да остане анонимен.

Кампањата ќе користи „напредни безбедносни мерки“ додека ја користи апликацијата, додаде тој. Владата не е работодавач на персоналот во кампањата на Бајден и тие не се занимаваат со прашања за националната безбедност, па им е дозволено да ја имаат апликацијата на своите телефони, рекоа претходно претставници на кампањата.

Профилот на кампањата на Бајден на ТикТок, @bidenhq, објави речиси 120 видеа и има повеќе од 306.000 следбеници. Бајден редовно објавува видеа таму, иако Белата куќа вели дека ТикТок предизвикува „легитимна загриженост за националната безбедност“.

ТикТок планира да поднесе жалба на законот, а извршниот директор на компанијата вчера рече дека очекува да ја добие правната битка за блокирање на законот. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk