logo
logo
logo

Бајден: Омикрон не е причина за паника

Vecer | 29.11.2021

Бајден: Омикрон не е причина за паника

„Оваа варијанта е причина за загриженост, но не е причина за паника. Порано или подоцна ќе имаме случаи на инфекција со новата варијанта овде во Соединетите држави“, рече Бајден по средбата со неговиот тим за Ковид-19.

Тој додаде дека Белата куќа работи на планови за интервенција заедно со производителите на вакцини за да се справи со омикрон доколку е потребно.

Тоа се американските производители на вакцини Pfizer, Moderna и Johnson & Johnson.

Претходно, американскиот експерт за заразни болести Ентони Фаучи рече дека во очекување на варијантата омикрон да дојде во САД, воведувањето нови ограничувања не е веројатно.

Денеска во САД стапи на сила забраната за патници од осум јужноафрикански земји за да се забави ширењето на инфекцијата и да им се даде на експертите повеќе време да ја проучат новата варијанта, сериозноста на болеста, преносливоста и отпорноста на вакцини.

Бајден ги повика граѓаните да носат маски во затворени простории и на јавни места или во близина на други луѓе.

Запрашан од новинарите дали ќе следат други мерки, Фаучи денеска одговори дека „не мисли дека тоа ќе се случи“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk