logo
logo
logo

Бајден: На 4-ти јули ЌЕ СЛАВИМЕ НЕЗАВИСНОСТ ОД КОВИД 19

Vecer | 12.03.2021

Бајден: На 4-ти јули ЌЕ СЛАВИМЕ НЕЗАВИСНОСТ ОД КОВИД 19

Американскиот претседател Џо Бајден се надева дека Америка во мај ќе заврши со вакцинацијата, и ќе може да прогласи независност од коронавирусот на 4 јули ако луѓето се вакцинираат.

Во своето прво обраќање во ударен термин како претседател, Бајден кажа дека сите возрасни ќе може да се вакцинираат до 1 мај, бидејќи според сегашните мерки, приоритет имаат луѓе според возраста и здравствената состојба. Тој се обрати на првата годишнина од прогласувањето на пандемијата на ковид-19, кој досега однесе половина милион животи во САД, повеќе од американските жртви во Првата и Втората светска војна и Корејската војна заедно.

Минатиот март, Доналд Трамп ги суспендираше патувањата од Европа и Бајден кажа дека се надева дека САД повторно ќе може да се отворат до Велигден.

„Ако го направиме ова сите заедно, има добри шанси со роднини и пријатели да се соберете во двор или во маало и со скара да го прославите не само Денот на независноста, туку и независност од вирусот“, кажа Бајден.

Тој додаде дека ќе се зголеми бројот на местата каде што ќе се врши вакцинирање, што ќе можат да го спроведуваат и ветеринари и стоматолози.

Пред да влезе во Белата куќа, Бајден изјави дека неговата цел е 100 милиони Американци да се вакцинираат во првите 100 дена од неговиот мандат и сега кажа дека тоа ќе биде достигнато за 60 дена.

„Борбата е далеку од завршена. Сега не е време да се опуштиме“, рече Бајден.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk