logo
logo
logo

Бајден му честиташе на новиот германски канцелар Шолц, се надева на развој „поцврсти врски“ со Берлин

Vecer | 08.12.2021

Бајден му честиташе на новиот германски канцелар Шолц, се надева на развој „поцврсти врски“ со Берлин

Американскиот претседател Џо Бајден во средата упати честитка до новиот германски канцелар Олаф Шолц во која изразува надеж за воспоставување „поцврсти врски“ меѓу Вашингтон и Берлин.

„Му честитам на новиот германски канцелар Олаф Шолц. Нестрпливо го исчекувам воспоставувањето на поцврстите врски меѓу нашите две земји и потесната соработка поради остварување напредок во решавањето на постојните предизвици во светот“, напиша на Twitter американскиот претседател Џозеф Бајден.

Американската администрација изминатите седмици не ги штедеше пофалбите за долгогодишната досегашна конзервативна канцеларка Ангела Меркел.

Во Вашингтон сега сметаат дека со новата лево ориентирана влада предводена од социјалдемократот и со неговата министерка за надворешни работи Аналена Бербок од партијата Зелени, може да ја повторат ситуацијата од втората половина на 1990-те години кога на власт беа демократите во Вашингтон и социјалдемократите и зелените во Берлин, и САД и Германија да заземат поостар став против Русија и Кина.

Американската влада изјави дека со новата германска влада, и пред нејзиното стапување на должноста во средата, разговарала за можноста гасоводот Северен тек 2 од Русија до Германија да се искористи како средство за одвраќање на Москва од наводната инвазија врз Украина.

Но економските аналитичари преупредуваат дека таквите акции против овој гасовод во услови на недоволна снабденоста не Европа со природниот гас, би можело да предизвикаат повторен енормен скок на цените на енергенсот, како и проблеми во закрпенувањето на европската економија по коронакризата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk