Американскиот претседател Џозеф Бајден денес ќе има обраќање во кое ќе ја претстави својата визија за надворешната политика на САД. Тоа го јави Ен-Би-Си повикувајќи се на извор од американската администрација.
Според ТВ-каналот, обраќањето ќе биде направено за време на претходно најавената посета на американскиот Стејт департмент, каде Бајден треба да се сретне со државниот секретар Ентони Блинкен.
Се очекува, иако се мали можностите, во првото обраќање Бајден да се осврне и на Балканот.