Мерката ги опфаќа „учителите, медицинските сестри, воениот персонал, полицајците и другите вработени во јавниот сектор кои ги посветиле своите животи на тоа да работат за нивните заедници“, се вели во соопштението на Белата куќа.
Веќе, речиси пет милиони луѓе би можеле да имаат корист од овој вид олеснување на долговите за време на мандатот на демократскиот претседател во заминување.
„Од првиот ден од мојата администрација, ветив дека ќе го направам високото образование билет за средната класа, а не пречка за можностите“, објасни Бајден.
Американскиот секретар за образование Мигел Кардона рече дека денешната мерка го носи олеснувањето на студентскиот заем на речиси 180 милијарди долари во текот на четири години, менувајќи го животот на речиси пет милиони баратели на кредит.
Во САД, универзитетското образование често може да чини меѓу 10.000 и 70.000 долари годишно, оставајќи ги некои дипломци со големи долгови кога ќе започнат со работа./МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата