logo
logo
logo

Бајден: ГО ПРЕДУПРЕДИВ ПУТИН

Vecer | 30.06.2022

Бајден: ГО ПРЕДУПРЕДИВ ПУТИН

Американскиот претседател Џо Бајден денеска одржа прес-конференција на самитот на НАТО во Мадрид. Тој го спомна и рускиот претседател Владимир Путин.

Имено, Бајден потсети дека пред војната го предупредил Путин дека „ако ја нападне Украина, НАТО не само што ќе зајакне, туку и ќе се обедини“.

Тој вели дека му рекол на рускиот лидер дека „демократиите ширум светот ќе се обединат и ќе се спротивстават на руската агресија“.

„И токму тоа го гледаме овде денес“, рече Бајден, додавајќи дека основната идеја на самитот на НАТО во Мадрид е „заштита на светскиот поредок заснован на ред и правила“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk