Шпанскиот премиер Педро Санчез, еден од најгласните западни критичари на војната против Иран, реагираше на објавата за прекин на огнот со остра порака.
„Прекините на огнот се секогаш добри вести, особено ако водат до праведен и траен мир“, го започна својот коментар објавен на социјалната мрежа X, а потоа додаде многу остро:
„Но, ова моментално олеснување не смее да нè натера да го заборавиме хаосот, уништувањето и изгубените животи. Шпанската влада нема да им аплаудира на оние што го запалија светот само затоа што се појавија со кофа вода. Она што е потребно сега е дипломатија, меѓународно право и МИР.“
Затегнати односи со Трамп
Санчез ги осуди нападите на САД и Израел врз Иран како „неоправдани“ и „опасни“, велејќи дека ставот на Шпанија е „не на војна“.
Неговата влада отиде подалеку од обична реторика.
Мадрид не им дозволи на американските сили да ги користат поморските бази Рота и воздухопловната база Морон во јужна Шпанија за операции против Иран, што го натера американскиот претседател Доналд Трамп да се закани дека ќе ги прекине сите трговски односи со Шпанија.
Владата на Санчез потоа го затвори шпанскиот воздушен простор за американските авиони што учествуваа во нападите врз Иран.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата