Градоначалниците на Хирошима и Нагасаки, Казуми Мацуи и Широ Сузуки, доставија писмо до американскиот претседател Доналд Трамп во кое го повикуваат да го поддржи Договорот за неширење на нуклеарно оружје (NPT) и да преземе водечка улога во унапредувањето на нуклеарното разоружување.
Писмото е доставено до амбасадата на САД во Токио, непосредно пред Конференцијата за преглед на NPT што ќе се одржи на 27 април во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на која ќе присуствуваат двајцата градоначалници, објави Кјодо.
Во писмото се наведува дека зависноста од нуклеарно оружје се зголемува меѓу државите со нуклеарно оружје и нивните сојузници и дека постои страв од повторување на трагедијата на Хирошима и Нагасаки во трет град.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата