logo
logo
logo

Шок во Америка: ГРАЃАНИТЕ ГИ ГОНАТ И “ЛОВАТ“ АГЕНТИТЕ ЗА МИГРАНТИ, Трамп е лут

Vecer | 15.01.2026

Шок во Америка: ГРАЃАНИТЕ ГИ ГОНАТ И “ЛОВАТ“ АГЕНТИТЕ ЗА МИГРАНТИ, Трамп е лут

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе го примени Законот за бунт доколку државните службеници на Минесота не ги спречат демонстрантите кои, според него, ги таргетираат членовите на имиграциските служби.

Во објава на социјалната мрежа „Truth Social“, Трамп изјави дека ќе го активира Законот за бунт доколку „корумпираните политичари од Минесота“ не го почитуваат законот и не ги спречат, како што рече, „професионалните агитатори и бунтовници да ги напаѓаат службениците на Службата за имиграција и царина (ICE).“

Тој рече дека службениците на ICE се „патриоти кои само се обидуваат да си ја работат работата“ и додаде дека многу претседатели пред него го користеле тој закон.

Трамп изјави дека примената на тој закон брзо ќе го заврши, како што рече, „хаосот што се случува во таа федерална држава“.

Низ САД се одржа серија протести поради убиството на американската државјанка и жителка на Минеаполис, Рене Гуд, која беше застрелана од агент на ICE во станбена зона на градот на 7 јануари за време на операција на агенцијата.

Освен во Минесота, протести се одржаа и во Вашингтон, каде што демонстрантите се собраа пред Белата куќа, носејќи транспаренти и повикувајќи на промени и поголем надзор врз имиграциските и царинските служби.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk