Овој висок ирански функционер изјави дека Украина му помага на Израел со беспилотни летала и поради тоа, „целата територија на Украина, врз основа на член 51 од Повелбата на Обединетите нации, е легитимна и легална цел на Иран“.
Оваа изјава на иранскиот функционер е во согласност со заканите на Техеран кон другите европски земји за кои Иран смета дека им помогнале на Америка или Израел, пренесе Скај њуз.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела изјави дека им понудил поддршка на САД во водењето војна со беспилотни летала против Иран.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата