logo
logo
logo

Австрискиот монструм Фрицл, сака да биде ослободен и да ужива во Шкотска

Vecer | 27.03.2024

Австрискиот монструм Фрицл, сака да биде ослободен и да ужива во Шкотска

По оваа информација се огласи и министерот за внатрешни работи кој остро ја осуди неговата намера.

„Џозеф Фрицл е „чудовиште“ на кое никогаш не требаше да му се дозволи да го оствари својот сон да влезе во Британија“, вели министерот за внатрешни работи Џејмс Клеверли.

Клеверли рече дека секој обид на австриски сексуален престапник да дојде во Британија ќе биде одбиен. Фрицл претходно зборуваше за својата желба „слободно да шета“ по шкотските висорамнини доколку биде ослободен од затвор.

Фрицл, кој сега има 88 години и боледува од деменција, беше затворен во 2009 година затоа што ја држеше својата ќерка Елизабет во заробеништво 24 години во подрумот на својот дом во Амштетен, околу 80 милји западно од австриската престолнина Виена.

Со текот на годините, тој постојано ја силувал својата ќерка и со неа имал седум деца. Тој е осуден на доживотен затвор и моментално се наоѓа во Штајн.

Според најновиот психијатриски извештај, било откриено дека Фрицл повеќе не претставува закана за јавната безбедност и рекол дека сака да емигрира во Британија кога ќе биде ослободен. Покрај „дивите височини“, тој зборуваше и за „зелените широки полиња на Велс“.

„Ова чудовиште никогаш нема да дојде во нашата земја. Секој обид за патување во Британија ќе биде одбиен - како што би било за секој кој е осуден за сериозни сексуални престапи како што е овој“, рече министерот.

Насоките на Обединетото Кралство, воведени во јануари 2021 година, наведуваат дека на странски државјанин „нормално“ би му била одбиена виза доколку сторил прекршок за кој се казнува со затворска казна од 12 месеци или повеќе.

„Пополнет сум со ова прекрасно, возвишено чувство, ова чувство на инспирација за оваа фантастична култура. И тогаш знаев дека кога ќе бидам ослободен, не сакам да останам во Австрија, туку сакам да емигрирам во Обединетото Кралство. Пред сè, сакам слободно да шетам по дивите висорамнини на Шкотска. За мене, бујните зелени полиња во Велс се исто така многу, многу примамливи. Но, главната работа е да одам во Обединетото Кралство“, изјавил Фрицл за The Sun.

Окружниот суд во Австрија го одобри барањето на Фрицл да биде префрлен во редовен затвор во јануари, но подоцна беше поништено. Новата одлука за трансферот се очекува следниот месец откако понискиот суд ќе утврди повеќе факти за случајот.

Фрицл ја чувал Елизабета како сексуална робинка во куќата уште од нејзината 18-та година. Неговите грозоморни злосторства биле откриени кога едно дете, родено како последица на инцест, било однесено во болница бидејќи животот му бил во опасност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk