Забраната која се очекува да стапи на сила следната година, може да доведе до строго санкционирање на технолошките компании и до 32 милиони долари, доколку не се придржуваат на законот. Децата кои ќе најдат начини да ги прекршат правилата, сепак, нема да се соочат со казни. Законот засега не прецизира кои платформи ќе бидат забранети, а Би-Би-Си пишува дека ју-туб најверојатно ќе биде поштеден од забраната.
Австралискиот премиерот Ентони Албанес кажа дека неопходно е донесувањето на законот со цел за да се заштитат младите од „штетите“ на социјалните медиуми, нешто што било став на многу родители.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата