logo
logo
logo

Австралија го суспендираше повторното отворање на границите поради Омикрон

Vecer | 29.11.2021

Австралија го суспендираше повторното отворање на границите поради Омикрон

Австралискиот премиер Скот Морисон по вонредната седница рече дека отворањето нема да биде на 1 декември како што беше планирано и дека ќе биде одложено за најмалку две недели.

Тој рече дека ова „неопходно и привремено" одложување се заснова на медицински препораки.

Границите на Австралија се затворени повеќе од 20 месеци за лица кои не се државјани.

Австралија регистрира пет случаи на Омикрон варијаната кај патници кои пристигнале од јужниот дел на Африка. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk