Само двајца ја преживеаја трагедијата, двајца членови на екипажот.
Несреќата била пријавена во провинцијата Јужна Џеола околу 9 часот. На снимките од несреќата се гледа двомоторниот „Боинг 737-800“ се движи по пистата, се пали и експлодира.
Horrifying footage emerging of a Jeju Air Boeing 737-800 (not a Max) with 175 onboard involved in a crash at Muan International Airport in South Korea — video shows the aircraft attempting a ‘belly landing’ (without its landing gear extended) before impacting the perimeter wall pic.twitter.com/C3JCUz8Iw8
— Alex Macheras (@AlexInAir) December 29, 2024
„Владата ги мобилизираше сите расположливи ресурси за да овозможи брза спасувачка операција, како и справување со последиците од несреќата, за поддршка на семејствата на загинатите и темелна истрага.“ -Парк Санг Ву, Министер за транспорт.
И копманијата „Jeju Air“изразидлабоко извинување за трагедијата, најлошата во која е вклучена јужнокорејска авиокомпанија изминатите 30 години. Членови на семејството се собраа во сала за состаноци на меѓународниот аеродром Муан, а некои врескаа и плачеа откако беа информирани за списокот на жртви.
На социјалните мрежи стана вирално видео каде се гледа Боингот додека прелетува, еден од моторите ислушта пламен. Официјалната причината за падот на јужнокорејскиот авион останува мистерија, како една од причините се наведува удар во јато птици или лоши временски услови.
„Моторот од левата страна или бил запален или од него излегувал пламен, опремата за слетување е прекината поради левиот мотор. Но, како и да е има резервен систем во пилотската кабина каде што има кабли и рачки за повлекување преку кои може да се продолжи опремата за слетување. Мистерија е за мене тоа што и покрај дефект на моторот екипажот може рачно да ја продолжи опремата за слетување.“ -Ричард Леви, Експерт за воздухопловство.
Директорот на компанијата изјави дека авионот бил во добра кондиција и не бил забележан дефект пред летот. Сите домашни и меѓународни летови на аеродромот во Муан се откажани. Во Јужна Кореја е прогласена седумдневна жалост.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата