logo
logo
logo

Авион полн со патници погоден од куршум на аеродром во Далас

Vecer | 16.11.2024

Авион полн со патници погоден од куршум на аеродром во Далас

Авионот се подготвувал да полета за Индијанаполис кога куршум ја погодил десната страна на авионот под пилотската кабина, изјави портпарол на „Саутвест ерлајнс“ за Си Би Ес.

Авиокомпанијата соопшти дека никој не е повреден, а портпаролот на аеродромот Лав Филд во Далас изјави дека патниците биле симнати, авионот се вратил во депото, а пистата била накратко затворена.

Полицијата во Далас го потврди инцидентот, посочувајќи дека инцидентот се случил во 21:48 часот по локално време. Не се соопштуваат дополнителни детали за околностите на инцидентот или кој пукал./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk