logo
logo
logo

Авион на пат кон египетско одморалиште, принудно слета во Грција (ВИДЕО)

Vecer | 03.05.2024

Авион на пат кон египетско одморалиште, принудно слета во Грција (ВИДЕО)

Поконкретно, необичен инцидент се случил на 29 април на летот EZI3165 на EasyJet од Глазгов до Хургада, Египет. Капетанот на авионот го сменил курсот кога парот влегол во жестока расправија со другите патници и членови на екипажот.

Податоците за следење на летот покажале дека авионот бил над Грција и го преминувал Средоземното Море пред конечно да слета во Ираклион.

Патниците незадоволни од чекањето навиваа и аплаудираа на екипажот кој тргна во акција и ја извлече двојката од летот.

"Беше страшно. Половина час се расправаа со другите патници пред да интервенира екипажот. Му се заканија на екипажот... На жената седум пати ѝ беше кажано преку разглас да седне, но таа продолжи да станува", рекол Мајкл Мекленан, британски турист, пренесе Дејли Меил.

Предметната двојка била уапсена од грчката полиција при слетувањето.

EasyJet Airbus A320-251N продолжил до својата прва дестинација и слетал во Хургада.

„EasyJet може да потврди дека летот EZI3165 од Глазгов до Хургада слетал во Ираклион на 29 април за да ѝ предадат брачен пар на грчката полиција за предизвикување нарушување во авионот. Летот потоа продолжил за Хургада откако патниците се симнале. Екипажот на EasyJet бил обучен да ги процени сите ситуации и да дејствува брзо и соодветно за да ја обезбедиме безбедноста на летот и другите патници, и иако таквите инциденти се ретки, ние ги сфаќаме многу сериозно и не го толерираме ваквото однесување на патниците и екипажот се секогаш главен приоритет на EasyJet“, се вели во соопштението на компанијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk