Истражувачите од Бахра 1, праисториско место во северен Кувајт, го опишаа артефактот како „мала, фино изработена глава, со коси очи, рамен нос и издолжен череп“,објави денеска Њујорк пост.
Тоа е прво вакво откритие во регионот, иако слични артефакти претходно биле пронајдени во Месопотамија и се типични за неолитската заедница Ubaid, која се населила во Арапскиот Залив во текот на шестиот милениум п.н.е.
Тим археолози од Кувајт и Полска ја пронашле статуата во една од најстарите населби во регионот, која постоела од 5.500 до 4.900 години пред нашата ера.
„Присуството на оваа фигура на нашата локација покренува интригантни прашања за нејзината цел и симболичното, а можеби и ритуалното значење што го имаше за заедницата што живееше во оваа населба“, изјави за Дејли Меил професорот од Универзитетот во Варшава, Пјотр Биелински.
Археолозите забележале дека фигурата е изработена од месопотамиска глина, наместо од црвеникава и груба керамика често користена во античките заедници во Арапскиот Залив, што тие велат дека укажува дека Убаидите ги увезувале своите традиционални материјали во регионот.
Симболичкото значење на фигурината сè уште е непознато, но некои истражувачи веруваат дека долгиот череп служел како модел за древните Убаиди и Месопотамиски практики на „обликување на главата“.
Се смета дека оваа практика укажува на нечија социјална класа или идентитет, а својот врв го достигнала во текот на петтиот милениум п.н.е.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата