logo
logo
logo

Аргентинскиот претседател доби италијанско државјанство, политичарите негодуваат

Vecer | 13.12.2024

Аргентинскиот претседател доби италијанско државјанство, политичарите негодуваат

Милеи е во Рим за да се сретне со италијанската премиерка Џорџија Мелони и утре да присуствува на божиќната прослава на „Браќата на Италија“ .

Изворот рече дека владата му доделила италијанско државјанство на аргентинскиот лидер, без да даде дополнителни детали.

Оваа вест во италијанските медиуми предизвика гневни реакции кај дел од политичарите, а на социјалните мрежи и од мигранти чии деца се родени во Италија, но не можат да добијат државјанство.

Законите за италијанско државјанство се засноваат на крвни врски, што значи дека дури и далечните потомци на италијански државјанин можат да добијат италијански пасош.

Законите за странците родени во Италија или оние кои мигрирале таму се многу построги. Про-имигрантските групи предложија референдум за олеснување на тие закони, но десничарската коалиција на Џорџија Мелони е против олеснување.

Рикардо Маги, претставник на малата опозициска партија + Европа, рече дека доделувањето државјанство на Милеи е чин на „неподнослива дискриминација на толку многу млади луѓе кои ќе го добијат по многу години“.

За време на претходното патување во Италија во февруари, Милеи во телевизиско интервју изјави дека „75 отсто се чувствува Италијанец“, имајќи предвид дека неговите тројца баби и дедовци биле со италијанско потекло и дека тој самиот има „неверојатна страст за италијанската опера“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk