logo
logo
logo

Арапските лидери се состануваат денеска за иднината на Сирија – Сиријци не се поканети

Vecer | 14.12.2024

Арапските лидери се состануваат денеска за иднината на Сирија – Сиријци не се поканети

Јорданското Министерство за надворешни работи соопшти дека целта на средбата била да се истражат начини за поддршка на земјата за време на транзициската фаза по падот на долгогодишниот лидер Башар ал Асад.

Целта на разговорите е да се гарантира инклузивен политички процес предводен од Сирија, кој ги вклучува сите групи во уништената земја.

Според јордански извори, на состанокот ќе присуствуваат министрите за надворешни работи на Јордан, Саудиска Арабија, Ирак, Либан, Египет, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Катар. Арапските претставници треба да се сретнат со шефовите на дипломатиите на Турција и САД, Хакан Фидан и Ентони Блинкен во градот Акаба.

Учествува и претставникот на ЕУ за надворешни работи, Каја Калас, како и специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Геир Педерсен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk