-Доколку израелскиот ентитет преземе каков било чекор или мерка против нас, нашата одмазда ќе биде посилна од претходната, рече Арагчи по состанокот со претседателот на либанскиот Парламент, Набих Бери, пренесоа американските медиуми.
Посетата на Арагчи на Бејрут доаѓа само три дена откако Иран истрела најмалку 180 проектили врз Израел.
Заменик-командантот на Револуционерната гарда, Али Фадави, претходно денеска изјави дека Иран ќе ги гаѓа израелските енергетски и гасни инсталации доколку Израел ја нападне земјата.
Иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи денеска изјави дека ракетниот напад на Иран врз Израел, од пред три дена, е целосно легален и легитимен, додавајќи дека тоа е „минимална казна за запрепастувачките злосторства на Израел“./МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата