logo
logo
logo

Арагчи: Изјавата на Трамп за нуклеарните тестирања е неодговорна

Vecer | 31.10.2025

Арагчи: Изјавата на Трамп за нуклеарните тестирања е неодговорна

„Продолжувањето на нуклеарните тестирања е регресивна и неодговорна мерка што претставува сериозна закана за меѓународниот мир и безбедност. Светот мора да се обедини за да ги повика САД на одговорност за нормализацијата на ширењето на ова гнасно оружје“, напиша шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, рано утринава на платформата Х.

Непосредно пред средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг во Јужна Кореја, Трамп му нареди на Министерството за одбрана на САД да „започне со тестирање“ на американското нуклеарно оружје, по тридецениска пауза откако неговиот руски колега Владимир Путин го „провоцираше“ со тестирањето подводен дрон способен да носи нуклеарно оружје.

„Поради програмата за тестирање што ја спроведуваат други земји, јас самиот побарав од Министерството да започне со тестирање на нашето нуклеарно оружје на рамноправна основа. Овој процес ќе започне веднаш“, рече Трамп вчера на мрежата Truth Social.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk