logo
logo
logo

АПСОЛУТНА РОМАНТИКА: Носачи сред Москва свират на пијано (ВИДЕО)

Vecer | 29.05.2021

АПСОЛУТНА РОМАНТИКА: Носачи сред Москва свират на пијано (ВИДЕО)

Апсолутна романтика, издигнување над секојдневниот живот и приказ на талент. Носачи кои во рускиот главен град транспортираа клавир до возилото запреа и на инструментот ја отсвиреа „Катјуша“.

На видеото се гледа како тројца момчиња во флуоресцентни елеци го туркаат инструментот на асфалтот пред куќата, додека четвртиот решава да седне на клавијатурата и да почне да свири. Еден од музикалните работници му се придружува на перформансот и почнува да танцува.

https://www.youtube.com/watch?v=IP8wqvmj6Zo

Во еден момент капакот за малку ќе паднеше и ќе му ги скршеше прстите на „музичарот“, но неговиот снаодлив колега интервенираше и ја спаси целата работа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk