logo
logo
logo

Антитерористичка единица учествува во истрагата за пожарот кај лондонскиот аеродром Хитроу

Vecer | 21.03.2025

Антитерористичка единица учествува во истрагата за пожарот кај лондонскиот аеродром Хитроу

Британскиот премиер Кир Стармер денеска соопшти дека е во контакт со властите на терен и редовно добива ажурирања за пожарот во електричната трафостаница Норт Хајд, поради кој најголемиот британски аеродром Хитроу е затворен до полноќ.

„Знам дека ситуацијата во Хитроу предизвикува вознемиреност и нарушување, особено за оние кои патуваат“, објави Стармер на мрежата „Икс“.

Поради пожарот е нарушено патувањето на десетици илјади патници. Полицијата за борба против тероризмот е меѓу агенциите кои ги истражуваат причините за пожарот. 

Во меѓувреме, лондонската противпожарна бригада соопшти дека пожарот во електричната подстаница Норт Хајд е под контрола, но дека се уште не е изгаснат. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk