logo
logo
logo

Анджеј Дуда: Оправдано е враќање на Железната завеса заради безбедноста на Европа

Vecer | 28.10.2024

Анджеј Дуда: Оправдано е враќање на Железната завеса заради безбедноста на Европа

Според британскиот Сандеј Тајмс, Дуда потенцира дека и покрај разликите меѓу Полска и Украина, неговиот став останува непроменет. - Секој сантиметар од украинската територија кој би ѝ бил препуштен на Русија како дел од договор би бил катастрофална грешка, изјави тој.

На прашањето дали Украина реално може да ги врати сите окупирани територии, Дуда изјави: „Ако сте толку дарежливи кон Русија, зошто не ѝ дадете дел од вашата земја? Зошто Русија заслужува туѓа територија?“

Дуда исто така зборуваше за проектот „Источен штит“, нарекувајќи го „нова верзија на Железната завеса“. Според него, некои западни политичари со страв гледаат на овој проект. - Ако треба да се осигура безбедноста на моите сограѓани со враќање на Железната завеса, тогаш нека постои Железна завеса. Најважно е да бидеме на нејзината слободна страна, истакна Дуда.

Како дел од проектот „Источен штит“, Полска до 2028 година планира да изгради 700 километри одбранбени системи, логистички центри и системи за противвоздушна одбрана покрај границите со Русија и Белорусија.

Полскиот дипломат Пјотр Лукашевич изјави дека проектот има за цел да заштити од инвазијата на Русија и Белорусија и дека се базира на украинското искуство. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk