logo
logo
logo

Анализа на Канал 5: Кои се последиците од уништувањето на браната во Украина?

Vecer | 06.06.2023

Анализа на Канал 5: Кои се последиците од уништувањето на браната во Украина?

Иако, информациите се различни за тоа кој ја уништил браната, тоа што е познато е дека во моментот на експлозијата, таа беше под руска контрола. Снимката од она што се чини дека е надзорна камера која гледа во браната, покажува блесок, експлозија и пукање на браната. Во меѓувреме, на социјалните мрежи веќе излегоа и видеа од поплавени населени места, а браната веќе е целосно под вода.

Станува збор за градба висока 30 метри и долга 3 километри изградена далечната 1956 година, како дел од хидроцентралата Каковка, која е главен извор на вода за Крим, како и за потребите на нуклеарната централа Запорожје.

Токму во нејзина близина е градот Нова Каковка, место со околу 40 илјади жители кое е веќе целосно поплавено. Вака веќе изгледа центарот на градот Нова Каковка. Во опасност се уште десетина помали градови по течението на реката,

Како, Олешки, Хола Пристан, Станислав, а со нив најголемиот, градот Херсон кој до неодамна беше под руска окупација. Украинските власти веќе наредија тој да биде евакуиран.

Со уништувањето на браната, огромна количина на вода веќе е испуштена, а според пресметките, станува збор за површина од 2.155 километри квадратни на вода. За споредба, најголемото езеро во Македонија, охридското има површина од 355 квадратни километри. Односно, шест пати колку охридското езеро.

Украина и Русија  и претходно меѓусебно се обвинуваа дека ја гранатирале браната, а во октомври минатата година Украинскиот Претседател Зеленски предупреди дека Русија ќе ја уништи браната за да предизвика поплава. Зеленски денеска го свика и советот за национална безбедност на Украина. Сличен состанок како што соопштија од Кремљ имал и Путин, кој барал дополнителни информации за состојбата. Русите ја освоија браната на самиот почеток на инвазијата, а и покрај обвинувањата од Украина дека имаат поставено експлозиви, таа остана употреблива и за време на повлекувањето на руските сили преку реката.

И додека овој дел од Украина се соочува со катастрофа, на фронтот, ситуацијата и натаму е драматична. УкраинскитЕ сили според последните информации во текот на ноќта продолжиле со офанзивни дејства на југот кон Запорожје, и кон Бахмут кој иако е под руска контрола, Украинците напредуваат по крилата на руската армија. И има информации дека веќе се во предградието на Берхивка на северот од градот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk