logo
logo
logo

Американските имиграциски власти извршиле 1.200 апсења во еден ден

Vecer | 28.01.2025

Американските имиграциски власти извршиле 1.200 апсења во еден ден

Податоците покажуваат дека имиграциските и царинските служби уапсиле вкупно 1.179 лица во неделата, но само 613 од тие апсења, или 52 отсто, биле сметани за „кривични апсења“, пишува Ен-Би-Си Њуз, додавајќи дека останатите приведени се претежно оние кои не сториле друго кривично дело освен нелегално преминување на границата.

Меѓу уапсените има осум лица кои се сметаат за најлоши криминалци.

Сепак, најмалку 566 лица уапсени во неделата не извршиле никакви кривични дела и биле приведени само затоа што немале законско овластување да останат во САД.

Претставниците на администрацијата и претседателот Доналд Трамп постојано изјавуваа дека приоритет ќе им биде притворањето и депортацијата на имигрантите без документи кои извршиле сериозни кривични дела.

Шефот на граничната патрола Том Хоман за Ен-Би-Си Њуз во неделата изјави дека знаел за „барем неколку“ колатерални апсења, или притворање на луѓе без кривични убедувања кои биле присутни за време на рациите. „Сакаме да фатиме што повеќе криминалци. Тие се закана за јавната безбедност“, рече тој. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk