logo
logo
logo

Американски воен авион слета на автопат во Финска, како дел од НАТО вежба (ВИДЕО)

Vecer | 10.09.2024

Американски воен авион слета на автопат во Финска, како дел од НАТО вежба (ВИДЕО)

Пробните операции на импровизирани аеродроми е дел од воената стратегија на НАТО.

Два авиони на Lockheed Martin F-35 Lightning II на Воздухопловните сили на Соединетите Американски Држави (United States Air Force - USAF) слетаа на автопат во Финска. Иако „природното живеалиште“ на скапите борбени авиони е соодветен воен аеродром, пилотите и персоналот на УСАФ успеаја да го спуштат F-35 на пат. Тоа беше првиот F-35 кој слета на автопат во Европа.

Авионот F-35 Lightning II од 48-то борбено крило од RAF Lakenheath во Обединетото Кралство демонстрираше операции за слетување и полетување на 4 септември за време на вежбата Baana 2024 на автопат во близина на Хосио. Станува збор за практикување на стратегијата Agile Combat Employment (Agile Combat Employment - ACE), која меѓу другото вклучува и употреба на импровизирани писти и друга инфраструктура во случај на уништување на главните воени аеродроми.

Покрај САД, оваа доктрина на Baana 2024 ја практикуваа и пилотите на финските воздухопловни сили (Илмавоимат) со McDonnell Douglas F/A-18 Hornet и персоналот на германските воздухопловни сили (Луфтвафе) со Eurofighter Typhoon, се вели во соопштението на НАТО. За време на вежбата, авиони за обука и транспорт слетаа на автопатот кај Рованиеми и Хосио.

„Можноста да учиме од нашите фински колеги ја подобрува нашата способност за брзо распоредување и користење воздушни средства од неконвенционални локации и ја одразува колективната подготвеност и агилност на нашите сили“, рече генералот Џејмс Хакер, командант на американските воздухопловни сили за Европа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk