logo
logo
logo

Американски офицер: НАТО нема капацитет да се брани од Русија

Vecer | 30.09.2025

Американски офицер: НАТО нема капацитет да се брани од Русија

- Самото НАТО призна дека имаме веројатно само пет проценти од она што би било потребно за да го заштитиме сопствениот воздушен простор во случај на судир со Русија, нагласи Дејвис. Тој додаде дека раководството на Алијансата мора да се воздржи од „непромислени потези“ во односите со Москва, имајќи предвид дека ризикот од ескалација на војната во Украина сè уште постои.

Ставот доаѓа во време кога во западните кругови сè почесто се отвора прашањето за односот на НАТО кон Русија и Украина. Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха неодамна повика официјално да се признае дека во тек е војна меѓу Русија и НАТО, што предизвика бројни полемики.

Во исто време, поранешниот врховен командант на НАТО во Европа, адмирал Џејмс Ставридис, предложи Алијансата да преземе поодлучни мерки против руските авиони. Тој оцени дека треба да се соборуваат дронови и летала кои го нарушуваат воздушниот простор на НАТО, а во иднина да се разгледа и воведување зона на забрана на летови над Украина. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk