logo
logo
logo

Американски извидувачки дрон, вреден 250 милиони долари, се урна по мисија над Ормуската Теснина

Vecer | 15.04.2026

Американски извидувачки дрон, вреден 250 милиони долари, се урна по мисија над Ормуската Теснина

 Морнарицата на Соединетите Американски Држави потврди дека извидувачкото безпилотно летало „MQ-4C Triton“ се урнало во регионот на Персискиот Залив, наведувајќи дека станува збор за „несреќа“, додека одредени извори претходно тврдеа дека леталото било соборено од иранската противвоздушна одбрана.

Дронот исчезнал од системите за следење летови за време на мисија над Персискиот Залив, што предизвика шпекулации за негово соборување, пренесе порталот „Прес ТВ“. Леталото „MQ-4C Triton“ спаѓа меѓу најретките и најскапите беспилотни летала во употреба во американската морнарица, со проценета вредност меѓу 235 и 250 милиони долари.

Според достапните податоци, дронот непосредно пред исчезнувањето нагло изгубил висина од околу 15.000 метри на помалку од 3.000 метри. Во тој момент емитувал сигнали за вонредна состојба – најпрвин кодот 7400 за губење комуникација, а потоа и кодот 7700 за општа вонредна состојба.

Американската морнарица соопшти дека леталото веројатно се враќало во својата база во воздухопловната станица Сигонела во Италија по мисијата за надзор над Персискиот Залив и Ормуската Теснина.

Овој инцидент потсетува на случајот од 2019 година, кога иранските сили соборија американски дрон „RQ-4 Global Hawk“ над Оманскиот Залив. Извидувачките летала од типот „Тритон“ имаат клучна улога во следењето на ситуацијата во Персискиот Залив и Ормуската Теснина, особено во периодот на нестабилно примирје меѓу САД и Иран.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk