logo
logo
logo

Фон дер Лајен: ЕУ воведува единствена апликација за проверка на возраста – децата мора да бидат безбедни на интернет

Vecer | 15.04.2026

Фон дер Лајен: ЕУ воведува единствена апликација за проверка на возраста – децата мора да бидат безбедни на интернет

Европската комисија денеска предложи во Европска Унија да се воведе единствена апликација за проверка на возраста на корисниците на интернет.

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен наведе дека новата апликација ќе биде со отворен код, нема да содржи никакви лични информации, нема да дозволи следење на корисниците и ќе може да се користи во сите земји во светот.

Таа посочи дека децата на интернет треба да бидат побезбедни.

– Интернетот им дава на децата одлични можности да учат за светот и за животот, но знаеме дека со овие придобивки доаѓаат и закани. Безбедноста на децата на интернет е загрижувачка – истакна Фон дер Лајен.

Според неа, едно од 6 деца е жртва на онлајн малтретирање, а едно од 8 малтретирало друго дете на интернет.

– Социјалните мрежи имаат зависнички дизајн и времето што децата го поминуваат пред екраните постојано се зголемува. Колку повеќе време децата поминуваат на интернет, толку е поголема веројатноста да бидат изложени на опасна и нелегална содржина. Родителите треба да ги едуцираат своите деца, а не онлајн платформите, наша должност е да ги заштитиме децата – наведе Фон дер Лајен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk