logo
logo
logo

Американски центар за превенција: Целосно вакцинираните можат да се вратат во нормала, не мора да носат маски

Vecer | 27.04.2021

Американски центар за превенција: Целосно вакцинираните можат да се вратат во нормала, не мора да носат маски


Целосно вакцинираните американци можат да се вратат во нормален живот, тие повеќе не мора да носат маски на отворен простор, објави Американскиот центар за превенција и контрола на болести (ЦДЦ).

Но, според новите препораки маските ќе мора да се носат во случаи кога има гужва и кога истата не може да се избегне.

„Целосно вакцинираните луѓе наскоро може да се вратат во нормала“, рече Ксавиер Бекера, секретар на Одделот за здравство и социјална помош.

“Вие сте вакцинирани. И, погодете што? Можете да се вратите во нормален живот. Вие не сте вакцинирани, сè уште сте во опасност. Значи, вакцинирајте се”, изјави Бекера.

„Откако ќе се вакцинирате, можете да излезете надвор и не мора да носите маска“, додаде тој.

Но, тој даде и неколку спротивставени тврдења во својата презентација. Запрашан директно дали вакцинираното лице може да престане да ја носи маската надвор, Бецера рече:

“Ние сакаме да се вратиме во нормалниот живот, сакаме да ја започнеме економијата, сакаме луѓето да се вратат на работа, да отвораат ресторани. Треба да се направи на вистински начин, а маските помагаат. Вакцините помагаат, но маските сепак се многу важни “, рече тој.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk