logo
logo
logo

Американка се загубила во пустина, повикот за помош пристигнал во друга држава, ја нашле мртва

Vecer | 03.04.2024

Американка се загубила во пустина, повикот за помош пристигнал во друга држава, ја нашле мртва

Аманда Ненигар (26) последен пат била видена жива на 28 февруари во Калифорнија и била пронајдена мртва во петокот, на 29 март во изолирана област на малиот град Цибола, објави 12Њуз.

Нејзиното тело е пронајдено под дрво на околу два километри од местото каде што е откриено нејзиното возило три недели претходно, објавија медиумите.

„Семејството е известено и издаде соопштение во кое бара приватност и се заблагодарува на јавноста за нивната помош во обидот да се лоцира Аманда“, соопшти Канцеларијата на шерифот на округот Ла Паз.

Специјалист за пребарување и спасување, наводно, го забележал голото тело на Ненигара под дрво на околу два километри од местото каде што нејзиното возило било напуштено долж границата Калифорнија-Аризона.

Инспекторите веруваат дека Ненигар можеби се обидувала да се олади со соблекување на облеката и наоѓање сенка под дрво пред да умре од изложеност на топлина, рече семејството.

„Се надевавме дека ќе ја најдеме жива и добро. Тоа е многу обесхрабрувачки кога станува збор за нешто вакво, и тажно е за семејството“, изјави шерифот Вилијам Понс.

Тој рече дека жената, чија облека била пронајдена во близина, била идентификувана преку тетоважа со роза на десната рака.

Се врши обдукција за да се утврдат официјалните причини за смртта.

Ненигар се јавила на 911 откако паднала во ров - но нејзиниот повик бил упатен до диспечер во Калифорнија, а не во Аризона, во мешаница што очигледно го одложила одговорот на властите.

Во разговорот, кој полицијата го објави минатата недела, диспечерот побарал да ја опише околината.

"Што има околу вас? Дали гледате полиња? Тоа е сè што гледате?"

"Јас сум во долина. Да, тука има многу планини. Се искачив на планина и носам розева облека", рекла Аманда.

„Се обидувам да ја добијам вашата локација, но не можам“, рекол операторот.

Девет дена по нејзиното исчезнување, полицијата го пронашла нејзиното напуштено возило во пустината.

Шерифот Понс верува дека Аманда била мртва некое време пред да биде пронајдена.

Семејството е бесно на начинот на кој властите го воделе случајот. Нејзината сестра рече дека Аманда никогаш не била во тој дел од пустината и дека не знаеле каде се движи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk