logo
logo
logo

Американка од Илиноис е осудена на две години затвор, зашто испраќала воена опрема во Русија

Vecer | 26.07.2024

Американка од Илиноис е осудена на две години затвор, зашто испраќала воена опрема во Русија

Како што јави „УСА тудеј“, во Русија, меѓу другото, испратила и нишани за термички визири, како и очила за ноќно гледање.

Според Канцеларијата на Окружното обвинителство на Соединетите Држави во Калифорнија, Елена Шифрин, жител на Манделеин (Илиноис) учествувала, заедно со неколку други лица, во испраќање на повеќе од 60 предмети во Русија помеѓу 2017 и 2020 година, без одобрение на Стејт департментот.

Таа се изјаснила за виновна на судењето во февруари 2022 година за кршење на Законот за контрола на извозот на оружје. Според обвинителството, предметите биле купени и испратени по пошта до Шифрин и други созаговорници во Илиноис и Калифорнија, од каде биле препратени во Русија со помош на фиктивни испраќачи и адреси.

Предметите се лажно идентификувани како облека или кујнски апарати. Тие криеле воена опрема во облека, кујнски апарати или комплети со алати.

Еден од нејзините соучесници, Игор Панчерников (43) од Калифорнија, кој служел во резервниот состав на американските воздухопловни сили, се изјаснил за виновен во март 2023 година и бил осуден на 27 месеци затвор.

Останатите двајца соучесници, Борис Полосин од Русија и Владимир Гоман, државјанин на Израел се во бегство. Петтоосомничен е Владимир Придача од Илиноис, а случајот против него е отфрлен на 19 јануари годинава.

Истражните власти во САД ја засилија контролата на извозот на воена опрема во Русија откако беше започната инвазијата на Украина во февруари 2022 година.

Еден од најголемите случаи на обиди за извоз на воена опрема од САД во Русија е откриен во октомври 2023 година. Жител на Бруклин со двајца канадски државјани, користејќи две компании регистрирани во Њујорк, се обидел да купи и извезе електронска опрема вредна два милиони долари кон Русија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk