logo
logo
logo

Американец ја лажирал сопствената смрт, па избегал во Европа поради жена- семејството шокирано

Vecer | 11.11.2024

Американец ја лажирал сопствената смрт, па избегал во Европа поради жена- семејството шокирано

Рајан Боргворт (45) исчезнал во Висконсин на 11 август, откако сам отишол на риболов на Грин Лејк, објави Њујорк Пост.

Во водата биле пронајдени неговиот кајак, елек, шише со вода, кутија за мамка и риболовен стап, додека неговиот автомобил бил паркиран недалеку од брегот. Спасувачките екипи го пребарувале езерото 54 дена, но Рајан никогаш не бил пронајден. Потрагата била прекината по речиси два месеци.

Инспекторите сега веруваат дека Рајан зел нов пасош и се допишувал со жена од Узбекистан преку Интернет. Ја сменил адресата на е-пошта поврзана со банкарските сметки и побарал парите од неговите сметки да бидат префрлени на сметки во странски банки.

Наплатил и полиса за животно осигурување, вредна речиси 375.000 долари и купил ваучер за авионски билет.

„Не знаеме каде е, само знаеме дека не е во езерото“, велат од канцеларијата на шерифот на округот Грин Лејк.

Полицијата сега е поубедена од кога било дека Рајан го напуштил семејството и побегнал во Европа.

Исто така, се верува дека тој испланирал сè до последен детал. Рајан си го оставил важечкиот пасош дома, а уште во јануари активирал нова полиса за животно осигурување.

Исто така, тој ги избришал сите податоци од својот компјутер, но програмерите успеале да повратат дел од податоците, поточно историјата на пребарување на интернет.

Медиумите јавуваат дека Рајан добил нов пасош во Канада на 13 август, откако било објавено дека пасошот е изгубен.

Сè додека истрагата не добила поинаков тек, сопругата на Рајан, Емили, и нивните три деца тагувале со месеци, верувајќи дека тој починал.

Шокираните пријатели сега ја тешат Емили и бараат да ѝ помогнат да го надмине сето ова.

"Децата мислеа дека нивниот татко се удавил. Па, вчера дознаа дека не се удавил", рекол шерифот на округот Грин Лејк, Марк Подол.

Емили и Рајан прославиле 22 години брак во јули 2024 година. Пријателката на Подол изјавила дека Емили е силна жена и дека соработувала во текот на целата истрага.

„Не можам ни да замислам низ што поминуваат таа и децата“, рекол шерифот.

Официјалните лица го повикале Рајан да се врати дома за своето семејство. Доколку се врати во Соединетите Држави, најверојатно ќе добие казна и ќе мора да ги плати трошоците на властите за стотиците часови поминати во потрага по него.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk