logo
logo
logo

Американец издржал 30 дена сам во дивина: Изгубив надеж дека ќе преживеам

Vecer | 31.10.2024

Американец издржал 30 дена сам во дивина: Изгубив надеж дека ќе преживеам

Преживеал еден месец изгубен во дивина, без храна, засолниште и облека и вели дека ова искуство му „одземало неколку години од животот“.

Сè започнало кога на 31 јули пристигнал во националниот парк Норт Каскадес со својот миленик Фреди, сакајќи да ја истражи патеката долга дваесет километри.

„Јас не сум планинар, но сакам да трчам. Идејата беше да се помине делницата и да се вратам дома, без никакви дополнителни одложувања. Не носев ни кошула, а во мојот ранец имав само сад со храна за Фреди“, рече тој.

Почнал да трча, но носел застарена мапа која не укажувала на промени поради шумските пожари во 2021 и 2022 година, пишува New York Post.

„Тагата во еден момент исчезна, но јас се водев од мојата љубопитност. Не долго потоа ја изгубив ориентацијата“.

Тој немал сигнал на телефонот и батеријата му згаснала еден ден подоцна. Така останал без можност да повика помош.

„Третиот ден го пуштив Фреди да си оди, надевајќи се дека ќе ја најде нашата куќа. За време на моето талкање наидов на скривалиште на мечки, се хранев со печурки“.

Како што минувале деновите, Роберт сѐ помалку се трудел да повика помош. Ја губел надежта дека ќе преживее.

Во меѓувреме, неговата мајка била информирана дека властите го пронашле автомобилот на Роберт. Таа се вклучила во потрагата, а подоцна изјавила дека никогаш не ни помислувала дека нејзиниот син починал.

Триесет дена по неговото исчезнување, Роберт колабирал на брегот на реката Чиливак поради тешка дизентерија.

 „Почувствував дека смртта е близу. Лежев на брегот, куцав и знаев дека нема да ја преживеам ноќта. Решив да врескам уште еднаш“.

Тој повик го слушнале членовите на асоцијацијата за северозападна патека на Пацификот кои се враќале во нивниот камп, откако уредувале дел од шумските патеки.

Така се спасил несреќниот човек, кој поминал уште еден месец во болница.

„Мајка ми и очувот цело време беа покрај мене“, открил тој.

Закрепнувањето на Роберт продолжува во Охајо, каде што пораснал и се надева дека ќе ги врати годините „изгубени во дивината“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk