logo
logo
logo

Алармантно предупредување за Путун: „Ако ништо не направиш – ќе се повтори 1917“

Vecer | 25.04.2026

Алармантно предупредување за Путун: „Ако ништо не направиш – ќе се повтори 1917“

Тој изјави дека економијата е во сериозна криза и дека, ако не се преземат финансиски и економски чекори, на есен може да се случи сценарио слично на 1917 година – мислејќи на падот на Николај Втори и доаѓањето на Ленин на власт.

Во последно време се зголемуваат критиките кон Кремљ. Руската манекенка и поранешна ТВ ѕвезда Викторија Бонја обвини дека властите не ги решаваат проблемите – од економијата до интернет ограничувањата. Нејзиното 18 минутрно видео има милиони прегледи.

Во меѓувреме, поддршката за претседателот Владимир Путин е во пад, според официјални државни анкети. Споретн агенцијата ВТСОМ, 66% од Русите ги одобрува неговите постапки, што е пад од 11 процентни поени до декември.

Падот делумно е предизвикан од забраната за апликацијата Телеграм, која ја користат десетици милиони Руси, од обични граѓани до бизнисмени и војници, како и дуги ограничувања на интернет.

Руската аналитичарка во егзил Татјана Становја предупредува дека постои ризик „постариот и подисциплиниран Путин“ да ја изгуби контролата поради внатрешни поделби предизвикани од се поголемиот притисок на интернетот и општеството.

„Тој не може да склопи мир во Украина ниту да победи во војната која ја започна“, напиша таа, додавајќи дека најголемата политичка предност на Путин секогаш била сликата на сила, а слаб Путни, смета таа, повеќе не е корисен никому.

Извор: Б92

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk