logo
logo
logo

Аксиос: САД знаеле за изменетиот предлог за прекин на огнот даден на Хамас

Vecer | 08.05.2024

Аксиос: САД знаеле за изменетиот предлог за прекин на огнот даден на Хамас

Израелските власти тврдат дека САД биле запознаени со елементите на изменетиот египетско-катарски предлог за прекин на огнот во Газа, но за тоа не го информирале Тел Авив пред Хамас да го прифати предлогот во понеделникот, пишува американскиот портал Аксиос.

Тројца израелски функционери тврдат дека соопштението на Хамас во понеделникот ја изненадило израелската Влада и дека Израел го добил текстот на одговорот на групата од посредници еден час откако Хамас јавно го објави соопштението.

Кога Израелците го прочитаа одговорот на Хамас, беа изненадени бидејќи видоа дека тој содржи „многу нови елементи“ кои не беа дел од претходниот предлог со кој се согласи Израел и кој пред десет дена САД, Египет и Катар му го претставиле на Хамас, изјавија официјални лица.

„Изгледаше како сосема нов предлог“, рече еден функционер.

Двајца високи израелски функционери велат дека Египќаните му дале нов предлог на Хамас без координација со Тел Авив, за време на престојот на групата во Каиро за време на викендот. Извор запознаен со предлогот рече дека САД ги поканиле Израелците во Каиро во текот на викендот, но Тел Авив одлучил да не го испрати тимот, што според нив е грешка, бидејќи довело по помала видливост на Израел за време на разговорите.

Аксиос наведува дека овој инцидент довел до разочарување и сомнеж кај високите израелски функционери во однос на улогата на САД во преговарањето на договорот за заложници, што може негативно да влијае на идните преговори. Висок американски функционер, од друга страна, тврди дека САД биле во контакт со израелската страна и дека „тоа не било изненадување“. Официјалниот претставник, исто така, рече дека администрацијата на Бајден го гледа одговорот на Хамас како контрапредлог, а не како нов предлог. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk