logo
logo
logo

Ако Украина не ја запре Русија, СЛЕДНА Е БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА, тврди Јушченко

Vecer | 19.03.2023

Ако Украина не ја запре Русија, СЛЕДНА Е БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА, тврди Јушченко

Поранешниот украински претседател Виктор Јушченко предупреди дека Русија нема да престане со својата експанзионистичка политика и ќе продолжи да напаѓа други земји, како што е Босна и Херцеговина, доколку сега не се прекине војната во Украина.

Ако Украина не ја запре Русија, сега сте вие ​​(БиХ) - изјави Јушченко во интервјуто што денеска го објави босанско-херцеговската агенција Фена.

Јушченко беше претседател на Украина од 2005 до 2010 година откако ја водеше „Портокаловата револуција“ што доведе до соборување на владата

Јушченко вели дека тврдењата на рускиот претседател Владимир Путин за причините за нападот врз Украина поради наводната закана за безбедноста на руските граници се целосна глупост и посочува дека низ историјата, секогаш кога Украина сакала да биде независна земја, таа станала мета на руските агресивни намери.

Тој ги нарече потполно неприфатливи повиците за прекин на војната во Украина со започнување преговори со Русија и признавање на окупацијата на делови од украинската територија, велејќи дека тоа ќе биде исто како да се преговара со Хитлер на тој начин во 1942 или 1943 година.

- Мирот може да се постигне на два начина - или си победник или капитулираш. Изберете – рече поранешниот украински претседател. Тој силно го поддржува гонењето на одговорните за воените злосторства во Украина.

- Тие што ја започнаа оваа војна мора да завршат зад решетки. Не сакаме да ги предадеме 15 милиони Украинци кои се раселени од оваа војна – рече Јушченко.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk