logo
logo
logo

Ако си замина Рено, СЕГА РУСИЈА ЌЕ ПРАВИ МОСКВИЧ

Vecer | 17.05.2022

Ако си замина Рено, СЕГА РУСИЈА ЌЕ ПРАВИ МОСКВИЧ

Московската фабрика „Рено Русија“, која стана сопственост на градот Москва по повлекувањето на француската групација, ќе произведува патнички возила од марката „Москвич“ - некогаш позната советска марка, изјави градоначалникот на руската престолнина. Сергеј Собјанин.

- Ќе дадеме се од себе да го спасиме најголемиот дел од персоналот кој работи во фабриката. Главен технолошки партнер на московската фабрика за автомобили „Москвич“ ќе биде КАМАЗ. Во првата фаза ќе се организира производство на класични автомобили со мотори со внатрешно согорување, а во иднина и електрични возила - изјави Собјанин.

Руското Министерство за трговија соопшти дека руските акции во групацијата „Рено“ стануваат сопственост на државата и владата на Москва. Сервисот на автомобилите „Рено“ во Русија ќе го врши „АвтоВАЗ“ кој ќе продолжи да ја произведува целата линија на автомобили „Лада“ во своите фабрики.

„АвтоВАЗ“ произведува автомобили и автоделови за две марки „Лада“ и „Рено“ во фабриките во Толјати и Ижевск.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk