logo
logo
logo

Ако сакате да се омажите за милијардер одете во Пекинг, не во Њујорк

Vecer | 22.06.2021

Ако сакате да се омажите за милијардер одете во Пекинг, не во Њујорк

Пекинг го надмина Њујорк по бројот ма милијардери, имено само во 2020 година доби 33 нови милијардери и сега е на прво место бидејќи во него живеат точно 100 луѓе со богатство вредно милијарда долари и повеќе, додека во Њујорк има 99. Со тоа Њујорк ја загуби титулата светски главен град на милијардери за прв пат по седум години.

Податоците доаѓаат од списокот на Форбс, кој покажува дека една четвртина од 2.755 исклучително богати живеат во само 10 градови во светот.

Исто така, дури 10 проценти од светските милијардери се наоѓаат во четири кинески метрополи.

Покрај Пекинг, меѓу 10-те главни градови на милијардерите се и Шангај, Шенжен и Хангжу, а на списокот е и Хонг Конг, специјален административен регион на Кина, кој е на високото трето место со 80 милијардери, пренесува РТС.

Сепак, и покрај тоа што Њујорк е на второ место, вкупното богатство на неговите милијардери е 560,5 милијарди долари, што е повеќе отколку што „вредат“ набогатите во Пекинг (484,3 милијарди долари).

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk