logo
logo
logo

Ако го поддржувате Навални, НЕ МОЖЕ НА ИЗБОРИ!

Vecer | 21.05.2021

Ако го поддржувате Навални, НЕ МОЖЕ НА ИЗБОРИ!

На приврзаниците на затворениот руски дисидент Алексеј Навални ќе им биде забрането да учествуваат на било кои избори во Русија доколку се донесе законот предложен од владејачката партија „Единствена Русија“.

Според предлогот, членовите и приврзаниците на организациите прогласени за екстремистички или терористички нема да смеат да учествуваат на изборите. Руските власти претходно ги објавија регионалните тимови на Навални на списокот на екстремистички организации пред објавувањето на судската одлука.

Предложениот закон треба да важи само за парламентарните избори закажани за септември. Сепак, државната новинска агенција ТАСС објави дека се направени измени за да се покријат сите избори во земјата. Сојузниците на Навални неодамна постигнаа добар резултат на регионалните избори.

Опозицијата ја обвинува владејачката партија дека го користи законот како средство за зачувување на нејзината моќ. Според законот, забраната за учество на избори важи и за лица кои го поддржуваат Навални или донираат пари на неговите организации.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk