logo
logo
logo

Граѓаните на Тел Авив под земја поради ракетните напади

Железничките станици стануваат засолништа во текот на конфликтот

Vecer | 20.06.2025

Граѓаните на Тел Авив под земја поради ракетните напади

Стотици жители на Тел Авив се собираат секоја вечер во новите подземни железнички станици, претворајќи ги во привремени засолништа за да се заштитат од ракетните напади кои доаѓаат од Иран. По зајдисонце, луѓето носат душеци, вреќи за спиење, храна, таблети натоварени со филмови, а често и своите миленици, со намера да поминат неколку часа во безбедност.

На една од станиците, која го поврзува Тел Авив со Рамат Ган, се собираат околу 200 луѓе. Некои од нив тука се познаваат за првпат, а заедно создаваат атмосфера на солидарност, делејќи ги ќошињата како соседи. Во последната недела, како резултат на ракетните напади, животите ги загубија 24 лица, а стотици беа повредени.

Од друга страна, според „Human Rights Activists“, израелските напади врз Иран резултирале со 639 загинати и повеќе од 1.300 повредени – меѓу нив 263 цивили и 154 припадници на безбедносните сили.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk